Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Почина Отец Јован Таковски

21 април 2023
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • На 82 години почина протојереј – ставорофор проф. д-р Јован Таковски кој ги преведе сите богослужбени книги на МПЦ-ОА од црковнословенски на македонски јазик, со што ги направи разбирливи за својот македонски народ и остави непроценливо богослужбено наследство.
  • Таковски беше теолог, свештеник, професор, преведувач, завршил богословија во Приштина, Богословски факултет во Белград (1967), Филолошки факултет во Скопје (1980), а постдипломски студии во Париз. Докторирал како прв доктор по теолошки науки на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“ во Скопје. Работел во Богословијата и на Богословскиот факултет во Скопје. Бил декан (2001–2004) на Факултетот и визитинг професор (2006) при Мелбурншкиот универзитет во Австралија.
  • Целиот свој живот го има посветено на едукацијата на идните свештенослужители во црковно-просветните институции на Македонската православна црква, но има оставено значаен прилог и во македонската научна и преведувачка дејност.
извор

Русија предлага пактови за ненапаѓање со членки на НАТО

11 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Москва би можела да склучи пактови за ненапаѓање со членки на НАТО, како дел од идната безбедносна архитектура за Европа, изјави главниот руски преговарач Владимир Медински. 
  • Оваа идеја била отворена на дводневните преговори во Абу Даби за крај на војната во Украина.
  • Дипломатот Алексеј Дробинин на безбедносна конференција во Москва изнесе три предлози за идната безбедносна рамка за Европа.
  • Првата опција е формирање на сојуз за колективна одбрана или склучување билатерални договори за заемна помош, слични на оние што Русија ги има со Белорусија и Северна Кореја.
  • Втората е постигнување политички договори за непомагање на противниците во случај на агресија – по примерот на пактот што Москва го има со Иран.
  • Третата опција се билатерални, заемни пактови за ненапаѓање. „Договори од ваков вид би можеле да се постигнат со поединечни земји-членки на НАТО, кои потоа би добиле дополнителни безбедносни гаранции од Русија“, изјави Дробинин.
  • Европски лидери се противат на каква било дискусија за севкупната безбедносна архитектура на Европа пред да се постигне напредок во однос на Украина. Американските посредници јасно ставија до знаење дека се отворени за таква дискусија.
извор

Паѓа продажбата на станови, растат оние под кирија

11 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Во третиот квартал од 2026 година бројот на продадени станови се намалил за 14 проценти, додека бројот на станови што се издаваат под закуп пораснал за дури 45 проценти.
  • Купопродажбите ја губат динамиката од претходниот период: од јули до септември годинава биле регистрирани вкупно 7.679 трансакции со недвижности, што претставува намалување од 8,2 проценти во споредба со вториот квартал.

  • И покрај силниот раст на закупите на станови, вкупната регистрирана вредност на закупите на сите видови недвижности е намалена за 10,2 проценти. Ова значи дека движењата во станбениот сегмент не се идентични со оние на целиот пазар на закуп. Додека кај становите има раст и на бројот на договорите и на вкупниот месечен износ на закупнините, кај закупот на сите видови недвижности вкупната финансиска вредност бележи пад.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Како албанските дилери ја побелеа Англија

Разно
2

Побарано - добиено

Балканштина
3

Конечна српска победа над Клинтон

Балканштина
4

Поздрав до Македонија од Атина

Навивачи
5

Српскиот регулатор казни телевизија на која било кажано дека се глупи

6

Колку песни собира една песна?

Музика
7

Музата (Марика-Мара-Мариче) го бара својот поет (Блажо)

Македонштина
8

Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка во Македонија

1

Како албанските дилери ја побелеа Англија

Разно
2

Српскиот регулатор казни телевизија на која било кажано дека се глупи

3

Македонија во ОН гласаше ПРОТИВ осуда на нацизмот

4

Гејтс: Глобална катастрофа ќе го освести светот за ВИ

Свет
5

Ја тужи кладилницата во која ги изгорел парите

6

Паѓа продажбата на станови, растат оние под кирија

7

Ирец од Грција: Без разлика дали се во ЕУ, од двете страни на границата ќе живеат Македонци

Мислења
8

Трамп ја испраќа Кристи Мекормик за амбасадорка во Македонија

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Музата (Марика-Мара-Мариче) го бара својот поет (Блажо)

Балканштина

Побарано - добиено

Балканштина

Запознајте ја компанијата од која боли глава

Балканштина

Некој секогаш ќе го најде вистинскиот одговор

Разно

Чекајќи го Потегот

Македонштина

Нашите Џејми Оливер и Гордон Ремзи

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Јована и Горан украдени од државата

Знаевме дека нема да се застанат само на ваучери

Г-дин Спок и сентименталното воспитување во Југославија

„Македонска хунта“ некогаш звучеше поинаку

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy