- Министерот за земјоделство, шумарство и рибарство, Јосип Добро, поднесе оставка откако се појави снимка на која тој од совозачко место во автомобил во движење, пука во воздух во близина на населено место.
- „Само за брати ми, Марио!,“ извикува Добро додека девет пати штракнува од пиштолот.
- Двете негови тврдења кои ги наведува во оставката во која се кае за тоа што го направил, подоцна беа демантирани: дека не била вистинска туку маневарска муниција и дека снимката е од пред неколку години (колата ја има купено лани).
- Патријархот Кирил, поглаварот на Руската православна црква, е вклучен на новиот список лица на кои ЕУ сака да им воведе санкции поради војната во Украина - да им ги блокира сметките и имотот и да ги спречи да патуваат во Европа.
- Европската комисија не го открива идентитетот на лицата од проширениот список пред санкциите да бидат одобрени од сите 27 членки, но извори од Брисел потврдиле дека е допишано и името на патријархот.
- ЕУ предложи санкции против патријархот Кирил и во 2022 година, но Унгарија тогаш стави вето на одлуката, со образложение дека тоа е прашање во врска со верски слободи.
- Друга точка од 21-от пакет санкции од ЕУ за Русија предвидува забрана за влез во ЕУ на сите Руси што биле на воена служба во Украина откако почна војната во 2022 година.
- Се бараат и санкции за банки, берзи за криптовалути и за уште 30 бродови од „сивата флота“ руски танкери натоварени со нафта и гас.
- Британската владејачка Лабуристичка партија го обвини Илон Маск дека со порака на X ги поттикнал големите нереди во Северна Ирска како реакција на ѕверскиот напад на азилант со нож врз маж во Белфаст.
- „Само со ПОВТОРНО и ГЛАСНО протестирање ќе има некаква промена!!“, порача Маск пред протестите и сподели десетина локации на кои ќе се собираат луѓе.
- „Ужасно е. Секој што се обидува да поттикне и искористи ваква ситуација за да ја спроведе својата политичка агенда, греши и прави штета. Деца и семејства мораа да ги напуштат своите домови. Не сакаме да видиме вакви нарушувања, штета, бандитство, насилство на нашите улици, и секој што се обидува да го предизвика тоа треба да биде осуден“, изјави Ана Тарли, претседавач на Лабуристичката партија.
- Напаѓачот е идентификуван како Хади Алодид, азилант на Судан, кој морал да ја напушти Британија во септември 2023 година.
- Лекари сè уште се борат да му го спасат животот на Стивен О’Гилви, жртвата на нападот. Тој го изгубил левото око, а има и сериозни повреди на десното и на вратот.