25 години од смртоносната заседа за македонските бранители
11 ноември 2026
- На 11 ноември 2001 година во 19 часот во атарот на тетовското село Требош, се случува последниот смртоносен настан во војната од 2001 година кога загинуваат тројца припадици на Лавовите.
- Тројцата убиени со останатите припадници на безбедносните сили се упатија кон Џепчиште и требало да извршат физичко обезбедување на гробницата за каде што постоеја сознанија дека се закопани шестмина од киднапираните и убиени Македонци. Заседата терористите ја поставиле од двете страни на патот а конвојот бил нападнат со минофрлачи и зољи. По престрелката, го фрлиле оружјето и побегнале.
-
Гинат Драго Маневски (35) од с. Марино, скопско, татко на две малолетни ќерки, Бобан Трпков (33) од Драчево, татко на две малолетни ќерки и младиот кумановец Оливер Петрушевски (23).
-
Албанска национална армија (АНА) ја презеде одговорноста за убиството на тројцата македонски полицајци како и за киднапирањето на македонски цивили во тетовскиот регион.