Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Курир.
Рускиот претседател Владимир Путин по 15 години на државничка функција денес прв пат користи слободен ден, без никакви активности.
Се прашувате зошто?
Денеска рускиот Претседател полни 62 години.
Владимир Владимировиќ Путин е претседател на Русија од мај 2012 година. Претходно, ја извршуваше претседателската функција од 2000-2008 година, а беше и премиер од 1999-2000 и повторно од 2008-2012 година.
Оваа година, тој се раздели од својата сопруга Људмила, со кога имаат две ќерки, Марија и Екатерина.
Покрај тоа што тој е еден од најмоќните луѓе во светот, приватно тој е многу забавен.
За тоа говори и овој незабравен настап на руското шоу „Гласот на Русија“: