Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Среќа.
Според народното верување, кога месечината е полна, треба да излезете надвор и да замислите желба, гледајќи во месечината.
Се верува дека емоциите се многу посилни од вообичаеното и ние сме подготвени да го комплетираме започнатото. Многумина токму за време на полна месечина се вознемирени и имаат проблеми со спиењето, што доведува до поголема раздразливост.
Исто така се верува дека за време на полната месечина не треба да се оди на операција, бидејќи раните потешко се лекуваат. Така мислел и Хипократ.