Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Среќа.
Еве една загатка за длабока анализа. Двајцата се оковани, едниот ја има можноста да се спаси прв, но другиот ја има моќта за тоа. Недовербата ги отежнува работите. Додека таа го има клучот, ја има и моќта. Ако го предаде, си го ризикува својот живот, ако го чува, ситуацијата останува непроменета…
Таа го има клучот за да го спаси и да ги промени работите. Без разлика како се нашле во оваа ситуација, таа сè уште го држи клучот во рака. Би можела да му го даде и да го ослободи, но не му верува. Мисли дека кога би можел да се спаси, тој би избегал и би ја оставил нејзе да умре. Но, тој сака да ја спаси, без разлика на нивната ситуација. Тој силно би се истегнал за да ја спаси, да ја има крај себе и да ја прегрне. Но, тој е немоќен да смени ништо, неговите околности дозволуваат толку и за жал тоа никогаш не може да биде доволно. Не доволно за да ја натера да му верува и не доволно за да може да ја достигне. Би ги скршил сопствените окови кога би можел, но не може. И дури и покрај тоа што таа е онаа којашто умира, таа истовремено ја има и моќта. Би можела да го спаси, но попрво би умрела отколку да му верува. А тој секако кога-тогаш ќе умре без клучот…
Дали е можен излез од оваа ситуација? Како мислите дека се нашле во неа? Кое подлабоко значење се крие зад оваа моќна слика? Што е нејзината симболика?