Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Идивиди.
Облините на Станија Добројевиќ привлекуваат огромен интерес кај мажите, па многумина досега се запрашале дали сето она што го гледаме е вистинско. Што се однесува до градите сите знаат дека бујниот граден кош е зајакнат со силикони. Но, што е со задникот?
-Тој е вистински! Дали би го осигурила? Па, не знам. Дали воопшто го прави тоа некој во Србија? Во секој случај добар предлог, ќе размислам за тоа, изјави Станија во интервју за Zvezde Granda.
- Приватно сум многу опуштена девојка на која и се важни многу други нешта од оние 5 минути кои ги користам за селфи кое потоа ќе го закачам на социјалните мрежи. Тоа веднаш привлекува внимание. Воопшто не треба да им покажувам на луѓето која сум приватно. Тоа го знаат само оние кои ги сакам најмногу, а тоа се семејството, моите пријатели и момчето, вели таа.
Сите сакаат да знаат детали за нејзиниот приватен живот, но и покрај тоа што постојано се слика гола, кога станува збор за љубовта старлетата не открива премногу.
-Кога би знаеле што се ми се случува мене во текот на еден ден, од караници, бури и се друго тоа би ги полнело весниците секојдневно, признава бујната Добројевиќ која во моментот е во врска со момче по име Ѕверка.
Како се справува Ѕверката со нејзините голи фотографии и илјадниците мажи кои постојано ја опкружуваат останува непознато, но сигурно не му е сеедно.