Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Infomax.
Ставањето кромид во текот на ноќта во чорапите е познат трик во Кина, а служи за чистење на крвта и стимулација на внатрешните органи. Во кинеската традиција се верува дека стапалата претставуваат директен контакт со внатрешните органи.
На стапалата има околу 7.000 нервни завршетоци, а секој од нив е поврзан со одреден орган во телото.
Стимулацијата на овие точки е важна за здравјето, тоа е една од причините зошто масажата на стапалата на сите им прилега. Еден од најдобрите начини за нервите да се стимулираат е со помош на кромид.
Методот е едноставен, исечете кромид на кругови, ставете го на табаните и облечете чорапи. Тоа правете го на вечер, па Вашиот организам за време на ноќта ќе се исчисти од токсините кои ги внесувате во текот на денот.
Познато е дека кромидот ја чисти кожата, бидејќи ги убива бацилите и бактериите, а ако оваа фосфорна киселина по пат на нервните завршетоци во стапалата влезе во крвотокот, ги чисти органите и крвта. Оваа киселина ги убива бактериите и бацилите кои ќе ѝ се најдат на сред пат. Покрај тоа, иако има непријатен мирис, во стара Англија кромидот се користеше за чистење на воздухот од микроби, за да не дојде до ширење на зарази.