Водителката на утринската програма на „Канал 5“ телевизија, јелена Спенџарска тера навистина активен одмор. Скокаше како зајаче од радост пред телевизијата, ситно броејќи ги деновите кога ќе замине на море, а како дестинација ја одбра Шпанија и Лорет де Мар. Ама долгоногата Јела не може да седи мирна ниту кога одмара, па така и во Лорет де Мар прави „дар-мар“.
Се пофали како се брчка во плиткото, како плива во базен, нурка во длабоките тиркизни води…
А на нејзината последна фотографија постирана на Фејсбук е сликана на местото каде вљубените сио катанец ја „заклучуваат“ својата љубов. Ама згодната Јела, на фотографијата не покажува никого освен себе си… Ах, да и симпатичното чантиче со зајачки ушиња, кое префрлено преку рамото и го прекрива стомачето.
Така убавата водителка наместо момчето, само го покажа „зајачето“ што и виси под пупачето!
Ама сепак… со оглед на тоа што фотографиите не се селфи, сте се запрашале ли, а кој тоа постојано ја фотографира?