ВНИМАНИЕ! Осмислен начин како да се убие БОГ во луѓето!

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Кукурику.

Американскиот истражувачки новинар Бен Свон ја предупредил јавноста дека американската влада создала технологија со која ќе може да ги менува човечките верувања и направи разговор со американскиот кодош кој открива дека оваа програма треба да заживее во секој момент

plaknenje mozok
plaknenje mozok

83x43
83x43
Екстремистите, политички, или религиозни се најголемата закана за елитата која слободно ја врши својата работа на депопулација на луѓето и на присвојување на планетата. Тоа е вера која на многу луѓе во овој свет им ги отвора очите и ги попречува во програмирањето на целото човештво. Сега тоа и самите го потврдија. Американската влада инвестирала 6,1 милијарди долари на американскиот Институт за истражување и тоа со насока да најдат начин како да убијат Бога во луѓето. Но, буквално. Американската влада смислила многу едноставен начин, кој наскоро ќе се применува прво во Америка, а подоцна и низ целиот свет.

Истражувачкиот американски новинар, Бен Свон, ја предупредил јавноста дека американската влада создала технологија со која ќе може да ги менува човечките уверувања и направил разговор со американскиот доушник кој открива како оваа програма треба да заживее во секој момент. Доушникот рече дека таа технологија е наречена транскранијална магнетна стимулација, која веќе некое време се користи во психијатријата. Всушност, научниците откриле дел од мозокот кој е одговорен за различни верувања и затоа се во можност да го модифицираат ако сакаат. Оваа технологија се користи во психијатријата за елиминирање на депресија. Во прашање е голем магнет кој е фокусиран на одреден дел од мозокот, на делот кој се смета погрешен. Ние треба да напоменеме и дека оваа транскранијална магнетна стимулација успешно ја лекувала депресијата кај луѓето, па зошто тогаш да не ги менува и уверувањата?

Доушникот вели дека развојот на оваа технологија е многу блиску до крајот и дека целиот свет наскоро ќе биде под уште една американска симулација. Се разбира, американската влада не ги крие овие информации целосно. Напротив, тие се фалат со тоа како единствено тие нашле инструмент за лекување на политички и религиозен екстремизам. Ништо тука не би било погрешно ако американската влада веќе со години, следејќи ги сите комуникации на светот, не составила листа на сите видови на луѓе кои се опасни за демократијата. Шокантно е токму тоа што на врвот на оваа листа се токму христијанските цркви и заедници и христијанските екстремисти како што ги нарекуваат. По нив следат исламистите, а дури потоа и другите религии. Демне ли тоа софистицирано гонење на христијаните и на верниците воопшто? Многу е вознемирувачки да се праша дали ние сме можеби на еден од овие листи само затоа што сакаме да живееме во согласност со Божјото Слово? Судејќи според овие информации, сме.

Всушност, неверојатно е дека американската влада сама одредува кој и зошто е на оваа листа. И како тоа во ерата на демократијата, тие веруваат дека верата во Бога, е таа која ја попречува демократијата. Всушност, вистината е таа дека додека има вера во луѓето тие не можат да бидат целосно подложни на нивните високи сублиминални манипулации. Верата во Бога не нѐ спречува да им веруваме и тоа им пречи.

• Што е религиозен екстремизам?
• Дали воопшто постои?
• Дали се тоа Талибанци кои по налог на американската влада уриваат кули или се пак христијани, кои наводно се лути на хомосексуално, извртена ориентација?
• Дали христијаните се опасни, бидејќи и другите ги уверуваат дека постои Бог или се екстремни со самото тоа што се христијани?

Вистлер рече: “Нивната цел е да се убие Бог во луѓето, бидејќи без него луѓето стануваат целосно предмет за впивање на она што тие сакаат вие да впиете.

На пример, кога ќе ви ги избришат верувањата, тие преку телевизијата и другите медиуми лесно ќе ве убедат во она во што тие сакаат да верувате, да речеме како е Обама преубав или како геј популацијата е апсолутно во ред и додаде дека тие сакаат да создадат чувствителен човек кој нема да гледа, слуша а нема ниту да размислува, туку само ќе прифаќа сѐ што ќе велат дека е неопходно да се прифати за да непрекинато ги вршат своите планови. Тоа е вистинското значење на демократијата!

Демократијата, онаа претежно либерална, не е убава, таа е само маска за целосно уништување на бунтот во луѓето. Еднаш кога ќе го прифатиме сето зло кое се наметнува со добро и ги затвориме очите пред гревот, тогаш гревот и ќе завладее, затоа што додека има вера има и отпор.

Од ноември 2013 година

Извор dnevno.hr

4 октомври 2014 - 08:44