Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Македонија денес.
Мачките се познати по тоа дека ги бркаат лошите духови од домовите. Кога мачката се вртка околу нозете на некој, тогаш со него ја дели нејзината позитивна енергија, односно ја пренесува енергијата на него, според народно верување.
Затоа не е паметно да ја туркате од себе поради страв од влакна,зошто за мачките велат дека се волшебни животни.
На пример, ако се плашите од уроци или се плашите дека некој ви посакува лошо, тогаш допирајте ја вашата мачка со двете раце, галете и ја левата шепа па продолжете до опашката.
Мачките имаат позитивна аура и затоа е добро да ги чувате. Освен што ќе ја чуваат куќата од лоша и негативна енергија, ќе ги чуваат и сите кои живеат во домот. Тие се познати по тоа дека ги бркаат лошите духови од домот. Ако видите мачка како долго седи во еден дел од просторијата и гледа во нешто , тоа може да биде показател на присуство на лошите духови. Во таквите ситуации се препорачува да запалите сув пелин и да ја исчадите куќата.
Интересно е дека овие животни во куќата и околу неа најмногу престојуваат на местата каде има најмногу негативна енергија. Во Русија имаат ритуал пред да се вселат во нов дом, во него прво пуштаат мачка. Таа тогаш ја елиминира негативната енергија од старите сопственици и внесува позитивна, затоа што мачките живеат во високи енергетски зони.
Јачината на нивната моќ зависи од тоа на кој вид му припаѓаат, па така се верува дека персиските мачки, сфинги, рекс и од манчкин раса имаат двојно повеќе магични и исцелителски способности во однос на другите.
Важна е и нивната боја на крзното:
*Црна – се поврзува со окултни моќи, вештерки, магија и заштита. Црните мачки имаат голема моќ на впивање на негативна енергија и носат мудрост и моќ на добро расудување.</p><p>
*Црвена – се поврзува со машка енергија и привлекување на пари.
*Сива – помага во одржување на чувство на среќа, љубов, мир, како и емотивна стабилност.
*Бела – мачките со оваа боја го намалуваат стресот и имаат енергија која привлекува добро здравје.
*Со две бои – носат долговечност и успех.
*Со три бои – штитат од лоши и привлекуваат просперитет и среќа.
*Со риги – привлекува радост и добро расположение и штити од стресни ситуации.