УНИКАТНО ИСТРАЖУВАЊЕ! НАЈДОБАР ПРИЈАТЕЛ СПОРЕД ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК ВИ Е…

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Актуелно 24.

Астролозите направија уникатно истражување за тоа каков пријател е секој хороскопски знак и со кој од другите е компатибилен и остварува трајни пријателски врски. Дали се согласувате со карактеристиките кои ги читате за себе?

знак
знак

Овен

Сите знаеме дека тој е силен и надмоќен и го разбира надворешниот свет, а покрај тоа тој е еден од најверните пријатели. Секогаш им помага и ги поддржува своите блиски. Многу е лојален како пријател. Компатибилност: Овенот најдобро се разбира со другите огнени знаци.

Бик

Сомнителни се на почетокот на секое ново пријателство. Но, се доста љубоморни спрема своите пријатели, не Ве остават сами и очекуваат апсолутна поддршка дури и тогаш кога Вие имате потреба од таква. Еден совет: никогаш не го игнорирајте Бикот, тој ќе Ви го врати тоа, порано или подоцна. Дава многу и очекува многу. Компатибилност: Бикот остварува длабоки и трајни пријателства со останатите земни знаци, бидејќи тие му се допаѓаат и ги разбираат работите на сличен начин.

Близнаци

Ова се едни од најинтелигентните претставници на ѕвезденото небо. Добри пријатели им се на оние кои им ласкаат и ги возвишуваат. Имаат смисла за хумор, поседуваат убави, но тешки карактери и не секој би можел да ги разбере. Компатибилност:Родените под овој знак се разбираат одлично со огнените знаци.

Рак

За Раковите, пријателите се дел од семејството. Често, за нив пријателството е сè, но додека не им ги покажете негативните црти. Не сакаат критиката, дури не ја толерираат. Компатибилност: Ракот се разбира добро со земните хороскопски знаци. Нивното пријателство е трајно, но во никој случај страсно.

Лав

Тоа се знаци кои им го чуваат грбот на своите пријатели. Тој е бескрајно благодарен на пријателите кога му даваат реални совети. Водечки принцип им е правдата. Компатибилност: Лавот се разбира прекрасно со огнените знаци. Начинот на кој го чувствуваат животот им е сличен и затоа се разбираат многу добро меѓу себе.

Девица

Сака да се дружи со уредни и чисти луѓе. Умее да ги пресметува добрите и лошите страни во односите со блиските. Зборливи се, но и злопамтила и често не ги признаваат своите грешки. Склони се да веруваат дека се создадени да се грижат за своите најблиски. Надарени се со неверојатна меморија, на која се потпираат. Компатибилност: Со другите земни знаци, гради цврсти врски, бидејќи меѓусебно си ја оценуваат посветеноста кон другите и кон активностите кои вршат.

Вага

Тие никогаш не се сигурни што е правилно, а што погрешно. Во друштво сепак се многу добри. Секогаш знаат што да кажат и како да го подигнат духот на пријателот. За жал, никогаш не можат да си помогнат на себе. Секогаш се стремат кон тоа да имаат близок пријател до себе. Ги почитуваат луѓето кои се искрени. Компатибилност:Вагата е многу приврзана кон другите воздушни знаци. Врските им се трајни, бидејќи имаат што да споделат.

Скорпија

За неа велат дека е фатален знак. Но за среќа тоа не е точно. Скорпиите се многу мили и нежни суштества со блиските. Секогаш се подготвени да помогнат финансиски или за некоја лудост. Имаат навика да поставуваат вознемирувачки прашања, но се и многу дискретни. Исклучително се внимателни кон другите. Компатибилност:Водните знаци се природната средина на Скорпиите, разбирање и со нив имаат многу заеднички интереси.

Стрелец

Тоа е патник меѓу хороскопските знаци. Секогаш е подготвен за ново патување, ново место за истражување. Тие се верни и во никој случај досадни пријатели. Секогаш се опкружени со многу луѓе. Стрелците се познати спортисти, а ако не, секогаш практикуваат некаков спорт. Исто така се големи интелектуалци, кои поминуваат часови во разрешница на различни проблеми. Компатибилност: огнените знаци се најчестите партнери на Стрелците. Тие најверојатно се единствените кои може да создадат трајни пријателски односи со овој знак.

Јарец

Да, ова е амбициозниот знак. Секогаш има своја цел и никогаш не прави ништо само така. Добар и верен пријател кој секогаш ќе Ви помогне во тешки моменти. Никако не ги сака компромисите. Интелигентен, внимателен и многу софистициран, тој е совршен домаќин. Компатибилност: Јарецот најдобро се разбира со другите земни знаци, чии односи се базирани на взаемна корист, во најдобра смисла на зборот.

Водолија

Тоа е знакот, кој има пријатели во секое време и насекаде. Секогаш членува во некоја група и се одликува со идеалистичките погледи во неа. Топла личност со која можете да разговарате на секаква тема. Строен и директен, тој ја почитува слободата на поблиското опкружување. Компатибилност: Има трајно пријателството со воздушните знаци.

Риби

Велат дека ги собираат во себе позитивните квалитети на сите други знаци, но имаат своја индивидуалност, различна од останатите знаци. Рибите се бескомпромисни пријатели. Не простуваат. Кога се чувствуваат загрозени, тие навредуваат или почнуваат да го избегнуваат човекот кој ги вовел ги во душевна непријатност. Компатибилност: комплементарни се со другите водни знаци, а нивното пријателство е базирано на здрави темели.

12 јануари 2016 - 15:21