Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Exclusive.
Нејзината кариера започна далечната 1956 година, а оттогаш регионот и светот слушнаа за името Есма Реџепова. Таа е позната по својата хуманост, прекрасниот глас и нејзиниот заштитен знак - турбанот.
Есма скоро никогаш никаде не одеше без турбан и многу малку луѓе и ја имаа видено нејзината природна коса.
Турбан носела нејзината мајка, а потоа на Есма и се допаднал и почнала да го носи. За секој костим имаше посебен турбан кој додаваше елеганција во нејзините излегувања.
Кралицата на ромската музика, која почина во 73-тата година од животот, деновиве беше испратена како вистинска легенда од страна на македонските, регионалните, но и светските медиуми. Нејзиното име се појави и на порталот на BBC.