Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Exclusive.
Лурд е малo гратче во подножјето на Пиринеите, во југозападна Франција.
Годишно го посетуваат околу 5 милиони туристи и аџии од целиот свет, токму поради чудата кои со децении се случуваат во ова свето место.
Се смета дека во 1858 година Мајката Божја се појавила на ова место и ѝ се покажала на девојката Бернадет која подоцна е прогласена за светица.
Колку и да не верувате во чуда, тие сепак се случуваат на ова место. За тоа сведочат илјадници посетители кои со свои очи виделе како тешко болни луѓе излегуваат здрави по посетата на светилиштето во Лурд.
Илјадници доктори, без оглед на религиската припадност, посветиле дел од своето време на анализи и истражувања. Споредувале рендгенски снимки, досиеја од клиники каде се лекувале болните, ја проучувале историјата на болеста, за најпосле да заклучат дека нема одговор на прашањето како луѓето се излекувале.
Околу 2000 нивни извештаи сведочат дека она што се случило во светилиштето не може да се објасни од медицинска гледна точка, односно дека луѓето за кои медицината нема лек, по излегувањето од светилиштето немаат никакви симптоми на болеста.
Веродостојноста на нивните извештаи може да се поткрепи и со податокот дека голем дел од докторите биле атеисти, што значи дека не биле понесени од силата на верата при истражувањата на чудата во Лурд.
Без оглед на нашата религиска припадност, без оглед дали, во што и колку силно веруваме, едно е сигурно: постои некаква виша сила која е над сè останато. Некои ја нарекуваат Бог, други универзална енергија.
Не е важно како ќе ја наречете, сè додека верувате и се однесувате според принципите на вашата религија.