Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Exclusive.
Треперењето на рацете или тремор е непријатно чувство кое се карактеризира со неконтролирани, несакани движења. Главно тоа се ритмични и неартикулирани движења кои пречат во извршување на поедини активности, особено ако тоа се бара прецизност во движењата.
Прескокнувањето на оброците или земање на одредени лекови може, исто така, да го влоши треперењето на рацете.
Состојбата може да се третира со лекови, но голем број луѓе се чувствуваат сосем добро и без нив. Ретко, треморот може да биде знак за невролошко пореметување, како што е Паркинсова болест или мултипла склероза.
Доколку доаѓа до треперење на дланките кога истите се во мирување или доколку забележите проблем со рамнотежата и координацијата, најдобро би било да направите невролошки преглед.