Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Први.
Информацијата дека станот во кој на 16 март 2010 година Филип Каписода ја уби српската пејачка Ксенија Пајчин и себеси, се продава, беше повод новинарите на српски Курир да ја посетата зградата на Вождовац каде се случи трагедија.
Според Курир, Љубица Костиќ мајката на покојната пејачка, одлучила да го продаде станот откако се иселиле потстанарите, а таа не сакала таму да се врати да живее. Меѓутоа станарите на зградата тврдат дека овој стан никој не сака да го купи.
Нема заинтересирани
-Љубица во овој стан првпат влезе два и пол месеци по трагедијата. Набрзо реши да го продаде, но немаше заинтересирани купувачи па одлучи да го издаде. Потстанарите тука живееjа година дена, а откако се отселија никој не живее. Повеќе пати слушнав дека се продава, но кој ќе го купи кога се знае што тука се случи, вели сосед.
Соседот открива застрашувачки детаљ
-Откако Ксенија е убиена, ноќе неколку пати сме слушнале чекори низ станот, како нешто да се движи. Тогаш никој не живееше во него и затоа е малку чудно. Не само мене туку и на останатите соседи. Љубица беше една ведра и насмеана жена, полна со живот и сила. Слушам дека сега пропаднала и дека не и е до ништо, завршува соседот.
Мајката и натаму молчи
Екипата на Курир ја побара и мајката на Ксенија која живее во еден солитер во Земун со својата мајка. Но таа не сакала да зборува за својата ќерка пред медиумите. Нивните соседи говорат дека тие се повлечени и во својот дом пуштаат само најблиски роднини и пријатели.
Инаку Љубица, по смртта на Ксенија од корен го изменила животот – има многу малку пријатели со кои се дружи и нема волја со ништо да се занимава. Од недвижности поседува вила со базен на Скадарско езеро, во која Ксенија го вложувала сите заработени пари, но таму одела само еднаш годишно.