Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Плус инфо.
Иако поминаа четири години откако првпат ги прошета црните гаќи, хрватската пејачка Северина Вучковиќ судејќи по се, не се грижи за тоа, па така не се откажува од црната, кожена долна облека, пишува српскиот портал Пулсонлајн.рс. Имено Северинa е многу поврзана за овие гаќи, во кои првпат се појави во 2011 година на фестивалот „Дора“, каде ја изведе песната „Моја штикла“.
А, тогаш одлучила извесно време во нив да не се појавува, за повторно пред крајот на 2014 година очигледно чистејќи го плакарот, ги пронашла и кожените гаќи, кои последните неколку месеци редовно ги носи на сите ТВ емисии каде ја изведува нумeрата „Уно моменто“. Таа истите гаќи ги искористила и за снимањето на спотот за оваа песна која ја направи со „Министерки“.