САМ НА СНЕГОТ: Ален Хасановиќ раскина со девојката

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.

Новата ѕвезда на Гранд, Ален Хасановиќ ужива во снежната идила која деновиве ја зафати цела Македонија.

Температурата во минус не му пречи на овој млад пејач да ужива во убавината на снежната белина, која оваа година ја имаме во изобилие.

Имено, Хасановиќ на социјалните мрежи сподели фотографии од Скопје и Прилеп, каде што ужива надвор на снегот, но низ чаршиските муабети екна веста дека пејачот ја прекинал долгата врска со својата девојка, па одлучивме да не шпекулираме и да дознаеме од прва рака. Иако се обидовме, Ален не можевме да го добиеме на телефон, но успеавме да стапиме во контакт со неговиот цимер Емран, со кого престојува во Скопје.

Неговиот цимер за Вистина.мк раскажа:

- Набиената агенда на настапи низ Македонија, но и надвор од неа не му дозволува на Ален да направи краток одмор и убаво да се одмори. После настапот на „Ѕвездите на Гранд“ многу работи се променија кај него, тој е истиот, но неговиот телефон не престанува да ѕвони, постојано има повици за гостувања во емисии и настапи. Поради настинка и воспаление на синусите, беше во болница каде што примаше инфузија, тогаш го побараа од продукцијата „Гранд“ за да го снимаат следниот круг на шоуто, но мораше да им одложи бидејќи не се чувствуваше добро. Не ги слуша докторите, не може да мирува – ни раскажа неговиот цимер.

Емран за Вистина.мк ја потврди информација дека пејачот се разделил од својата девојка:

- Доцните со информацијата, Ален веќе има нова девојка хахаха (се смее), не сакам да зборувам за неговиот приватен живот, јавете му се, ќе ви каже самиот – кратко ни прокоментира Емран.

Неговиот цимер не сакаше да ни открие детали за приватниот живот на пејачот, но судејќи по коментарите кој Ален ги добива на социјалните мрежи, припадничките на понежниот пол ќе бидат многу среќни ако новата ѕвезда на Гранд не е во љубовна врска.

 

Екипата на Вистина.мк се обиде неколку пати да го добие Ален Хасановиќ на неговиот мобилен телефон, но сигналот постојано беше зафатен. Му испративме и СМС пораки, но до објавување на оваа информација, пејачот не одговори на нашите прашања.

8 јануари 2015 - 11:24