Претерана блискост: Наташа Беквалац го штипна Саша Ковачевиќ за задникот

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Хит портал.

Српската пејачка Наташа Беквалац и нејзиниот колега Саша Ковачевиќ присуствуваа на еден настан во Белград, каде го привлекоа вниманието на црвениот тепих со претераната блискост.

Додека сите останати колеги полека пристигнуваа, Саша ја меркаше Наташа, па имаше бакнежи и шепотења на уво, известува српски „Курир“.

Кога почнале да даваат изјави пред камерите, Беквалац го штипнала пејачот за задникот.

Пејачот потскокнал, а кога видел за кого се работи, искоментирал: „Ната безобразна!“

 

17 ноември 2016 - 15:16