Познат скопски менаџер и ракометар фатени во прељуба со две сестри

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Убавина и здравје.

Познат менаџер и популарен ракометар вчера се најдоа во тешка ситуација, кога девојката на менаџерот влегла во станот и ги фатила двајцата другари како се забавуваат во кревет со две сестри од Ниш, ангажирани како танчарки кај нас. Љубоморната девојка во афект се обидела да му ги отсече гениталиите, во што едвај успеал да ја спречи несреќниот менаџер.

Bia-Branca-Ferres-Topless-Lingerie_display_image
Bia-Branca-Ferres-Topless-Lingerie_display_image

Оваа необична ситуација, која повеќе потсетува на холивудските филмови отколку на наше секојдневие, се случила вчера во 17 часот на ул. „Владимир Комаров“ во скопската населба Аеродром. Според зборовите на соседите, од станот што се наоѓа во нивниот влез, а кој е изнајмен, постојано се слушале караници и женски гласови. Но сепак кулминацијата се случила вчера попладне.

„Излегов во ходникот бидејќи слушнав врева, турканица, трескање врати“, за нашиот портал изјави 74-годишната бабичка Милица, најблиска сосетка на „фаталните двојки“, откривајќи:

„Во ходникот истрча еден дечко целосно гол, а зад него неговата девојка, со нож в рака. Го кутна на земја и викаше дека ќе му ја исече „онаа работа“. Многу се потресов, ми скокна притисокот бидејќи имам слабо срце. За среќа, дотрча другото момче и уште една девојка и успеаја да и го земат ножот“, вели баба Милица.

devojki
devojki

Инаку, како што дознаваме, најмногу се исплашил ракометарот, кој ги молел девојките и неговиот пријател побрзо да ја смират ситуацијата за да не излезе во јавност сето ова.  Идентитетите на учесниците нам ни се познати, а повеќе детали ќе прочитате подоцна.

3 ноември 2014 - 08:30