Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Супермен.
Парите тој ги уплатил како би уживал во друштво на актерката Меган Фокс, ангелот на Викторија Кендис Свонпул и АнгелаБејби, кинеска манекенка којашто се појави во филмот "Ден на независноста".
Господинот Ксу вели дека во агенцијата му ветиле интимно дружење со најголемите холивудски ѕвезди и дека веќе била договорена средба, после што тој им уплатил 3.7 милиони долари за обезбедената ноќ од соништата.
Но, откако наивниот Кинез ја уплатил договорената сума, следела вистинска ноќна мора за него! Агенцијата никогаш не ги испорачала ветените дами и притоа, не постојат никакви докази за тоа дека Меган Фокс, Кендис Свонпул и АнгелаБејби се занимаваат со ескорт.
Поради тоа Ксу иницирал тужба против компанијата и сака да му бидат вратени неговите 3.7 милиони долари. Од документацијата произлегува дека тој платил 24.000 долари како би бил пријавен во агенцијата, а за ескорт услуги плаќал во рати, по 500.000 долари, заклучно со последната рата од 200.000 долари.
Но, секоја договорена средба пропаднала бидејќи агенцијата не ги испорачала придружничките, а засега и не е познато како ќе се брани дотичната ескорт компанија.