Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Весник.
Дарко Лазиќ има сериозни здравствени проблеми поради вишокот килограми. Како што пишуваат српските медиуми Лазиќ има околу 120 килограми, а бидејќи диетата лошо му одел решил да прави липосукција.
„Дарко треба да симне околу 50 килограми. Баш се здебели, а висок е сè насè175 сантиментри. Тежината дополнително му го оптоварува повредениот колк, па едвај оди“,открил пријател на пејачот за Информер.
Според пријателот, голем проблем е и што поради килажата, Дарко брзо се заморува, а има настап секој викенд.
„Дарко верува дека отстранувањето на масните наслаги е најлесниот начин за да ослабне, па после ќе води сметка колку јаде. Проба да намали, но не вреди, си сака човекот да си касне“, додал пријателот.