Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Фолк ѕвздата Светлана Цеца Ражнатовиќ сними албум под наслов „Автограм“, а всушност таа насловна песна ја посветила на едно поранешно момче со кое после неколку месеци врска раскинале.
Цеца барала од Марина Туцаковиќ да и напише текст во кој директно ќе се обрати на поранешното момче.
Кој рече дека не сме заедно? Можеш да не ме сакаш, тоа во мојата глава не се смета. Господине мој, не сум само број, за голема љубов се работи, и да си и не си, уште ти си со мене во врска, ова е дел од песната „Автограм“ кој јасно говори дека пејачката е оставена и дека не може да го поднесе тој факт.