Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот За сè.
Сите невести го знаат правилото декана денот на свадбата треба да носат на себе нешто ново, нешто позајмено, нешто стари и нешто сино. Дури и ако не го испочитуваат тоа правило, невестите главно за овој ден бираат посебна долна облека, главно убава, чипкана или свилена.
Меѓутоа, оваа невеста е поинаква од останатите и тоа гордо го покажала на социјалните мрежи. Таа под невестинскиот фустан решила да облече пелена.
Факт е дека сите невести, особено оние со комплицирани фустани, имаат тешкотии со одење во тоалет, но ретко која се решава за вакво решение.
Фотографијата брзо почнала да се шири на интернет, но луѓето ја обвиниле невестата дека таа и младоженецот имаат чудни фантазии, па таа за него ја облекла пелената.
„Ако таа и младоженецот имаат ваков фетиш, немам ништо против, но навистина не мора да го загадува интернетот со оваа грда фотографија“, „Можеби има проблеми со бешиката“, гласеле некои од коментарите.