Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Идивиди.
Улогата на Наоми во филмот на легендарниот режисер Мартин Скорсезе, „The Wolf of Wall Street“, каде глумеше покрај Леонардо Ди Каприо ја вивна во ѕвезденото холивудско небо.
Сега Маргот Роби е актуелна со новиот филм Focus каде глуми заедно со Вил Смит и во моментов важи за една од најпосакуваните актерки во светот.
Сепак Маргот беше уверена дека ги изгубила сите шанси за кариера во Холивуд, но и воопшто да глуми некаде, кога била отстранета од аудицијата на The Wolf of Wall Street откако го удрила Леонардо ДиКаприо по лицето и тоа пред режисерот Мартин Скорсезе. Оваа прекрасна актерка се отвори и не изненади сите за време на интервјуто за априлското издание на Harper’s Bazaar.
Навраќајќи се на моментот кој ја вивна во ѕвездите, Маргот вели: Во мојата глава си реков дека за 30 секунди ќе ја напуштам собата и доколку за тоа време не направам нешто импресивно тогаш ништо нема да излезе.
- Тоа беше шанса еднаш во животот, па морав да ја зграпчам. Јас започнав да му се дерам на Лео, тој започна на мене. Беше навистина страшен, едвај продолживме понатаму. Во тој момент нешто во мојот мозок се случи па јас го шлапнав по лицето. Потоа викнав „Е*и се“! Тоа не беше воопшто во сценариото. Целата соба едноставно замрзна и никој не изусти ниту збор, раскажува Маргот.
Таа низ шега вели дека не очекувала дека ќе ја добие улогата после сето тоа.
- Само што го удрив Леонардо ДиКаприо во лице. Сигурно ќе ме уапсат за напад и готово со кариерата, нема повеќе да глумам. Сепак на крајот излезе да бидам заедно со него во филмот и тоа е момент кој не може да се заборави, додава Роби.