Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Коментар.
Астеросклерозата се покажа стара колку светот, констатираат американските научници. Шокантниот заклучок се наметнува по темелно истражување, направени овие денови.
Пушењето, стресот и мрсната храна – т.н. fast foods, не се решавачки за ширењето на атеросклерозата, резимира медицинскиот весник “Ланцет”. Египетските фараони исто страдале од кардиоваскуларни болести, а срцевите удари биле толку вообичаени, колку и денес.
Меѓународна група истражувачи, под раководство на проф Рандал Томсон од кардиоваскуларниот институт “Свети Лука” во Канзас, САД, извршиле целосни испитувања на 137 мумии, на возраст од 120 и 4 000 години.
Од нив 76 биле од Египет, 51 од Перу и 10 од Алеутските острови во Алјаска, открива snews.bg. Предците исто така ни страдале од атеросклероза.
Според широкото мислење денес, таа е зло за совремeнниците, предизвикана од неправилна исхрана, постојан стрес, пушење и влошена еколошка средина, но пред илјадници години во Египет цигарите биле непознати, а исто така и брзата храна.
Неверојатно е дека знаците на атеросклероза се пронајдени во мумии од различни епохи и различни народи, со радикално различен начин на живот. Според истражувачите, тоа значи дека претставувањето за “болеста на модерните времиња” е благо речено неточна, бидејќи таа е стара колку светот.