Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Струмицанет.
Синоќа по полноќ, поголема група млади, импровизирајќи работа на улица, му го блокираа влезот во Струмица на градоначалникот Заев, при неговото враќање од пат. Кога градоначалникот излезе од автомобилот за да види што се случува, го чекаше изненадувањето. Неговите верни поддржувачи, младите струмичани, му ја испееја роденденската песна, подарувајќи му торта и колаж од негови фотографии, од најраната детска возраст до денес, и му посакаа добро здравје, среќа и натамошна успешна работа.
Градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, денеска наполни 40 години. Тој им се заблагодари на младите за прекрасното роденденско изненадување и им посака среќна иднина.