Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Гламур.
Православните верници во сабота го слават Велигден, а во многу домови владее празнично расположение.
Познатите најрадосниот христијански празник го минуваат со своите најмили, а на социјалните мрежи некои од нив веќе споделија делче од празничната велигденска атмосфера. Една од нив е и внуката на премиер на Македонија, Ева Заева, која објави фотографија од семејниот дом.
Фотографијата е направена во домот на нејзината мајка, која очигледно води сметка за овој празник.
Фото: Инстаграм / Славица Заева
Имено, мајката на Ева, Славица, и оваа година се потруди за Велигден да го украси својот дом.
Фото: Инстаграм / Славица Заева
Корпи со јајца кои се аранжирани на завидно ниво, а околу нив поставени свеќи зајчиња, патки, овцички…
Фото: Инстаграм / Славица Заева
Јајцата и оваа година беспрекорно се бојадисани, а една од фотографиите сподели и нејзината ќерка.
Фото: Инстаграм / Славица Заева