Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Галама.
Ако некоја личност од естрадата кај нас, може да се нарече инфлуенсер, тоа секако е Лила Филиповска. Сите се обидуваат да работат на социјалните мрежи, нешто да рекламираат, но само се обидуваат. Лила тоа го прави како што треба.
Веројатно е и затоа успешна и успева да ги договори најјаките брендови, да биде нивно заштитно лице.
Лила Филиповска уште еднаш покажа и докажа, дека е вистински љубител на животните. И тоа од сите видови и врсти.
И домашни и диви. И месојади и тревопасни. Впрочем, на сите им е добро познато дека Лила дома чува маче. Или поточно мачор… Рагнар, пишува порталот Вистина.
Разгален до бесвест, големиот бељаџија сепак е и голема „љубов“ на водителката, па колку и да ја „оплеска“ работата правејќи некоја пакост по дома, сепак Лила му простува, зашто не може да му одолее.
По теркот на некои други колешки од естрадно-телевизиската фела, Лила куче се’ уште не решила да земе да чува, што не значи дека не можете да ја видите со куче во скут или во прегратки…
Ама само за на слика или поточно само за на реклами, преку кои македонската водителка ги споделува своите инфлуенсерски способности, како алатка за екстра надополнување на сопствениот буџет.
Дека од домашните животни само мачињата и кучињата не и се на дофат, Лила покажа неодамна, кога со колегата Зоки Фаци, кој патем е голем љубител на јавањето, се дружеше со малото магаренце или поточно магарица Тики.
Тогаш водителката потврди дека колку што таа ги сака животните, тие неа ја сакаат двојно повеќе, зашто Лила има чудна харизма, па секој што ќе го погали зад уши, добива желба да и ѕирне под фустан!