Кои куќи во Македонија се опседнати со духови – еве некои од нив

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот MKD News.

Постојат легенди кои посочуваат дека најверојатно на повеќе локации во Македонија постојат куќи кои се опседнати со духови.

Во Битола во близина на црн мост.. Приказни за куќата има неколку од кои една  е таа дека во куќата живееле маж и жена.. Имале голема љубов и така решиле да прават свадба.. Ден после свадбата неочекувано невестата починала. Мажот продолжил да живее и уште некое време но кај него се појавиле некои ментални проблеми и бил однесен во ментална болница… После некое време куќата ја продадоле на некој друг трговец..


Но и тој не живеел долго во куќата иако до тогаш бил сосема здрав , кај него започнувале да се појавувата некои здрствени проблеми за на крај да биде однесен и тој во ментална болница.. Од тогаш куќата стои празна..

bitola horor kukja
bitola horor kukja

До Јаја Паша џамијата има една градинка. Во дворот на таа градинка има остатоци од градба. На времето кога ја граделе градинката, со багер сакале тие остатоци да ги исчистат, но багерот се превртел. безуспешно неколку пати пробале да ги тргнат, на крај ги оставиле. И денес може да се видат во дворот на градинката, покрај улица.

kukja
kukja

Скопје – позната е зелената куќа во Црниче. Таа за жал сега е веќе срушена. Жителите на населбата Црниче сеуште сметаат дека оваа куќа долг период била опседната со духови. Оние кои поминувале покрај куќата во доцните часови слушале најразлични крици и извици, како и тропање на врати кои всушност не постоеле во куќата.

Братска клетва е причина за проклетството на зелената куќа во скопската населба Црниче. Оваа легенда ја раскажа потомок на првите сопственици на куќата и наводно Скопјанецот Трајко Боцев ги проколнал браќата бидејќи не сакале да го погребаат во семејната куќа. Никој не знае ниту каде е закопан. Пред да умре фрлил клетва на браќата да им се уништи се’ во животот. Од тука почнува проклетството“, раскажува за “Вест“, Здравко, потомок на Трајко.

Целата приказна на следниот линк -

ОТКРИЕНА КЛЕТВАТА ФРЛЕНА НА ХОРОР КУЌАТА ВО ЦРНИЧЕ

kukja duh4
kukja duh4

Втората приказна е за семејството кое се доселило од Црна Гора. Семејството маж, жена и 3 деца биле богати. Едното дете починало паѓајќи од коњ, второто се удавило во бунарот, мајката се самоубила, а набрзо по неа и таткото. Отогаш во оваа куќа се случувале чудни работи.

Во македонскиот град Прилеп, исто така постојат неколку куќи за кои се верува дека се опседнати со духови. Доказ за тоа е сведоштвото на жителите кои раскажуваат дека навечер се палеле лампи во овие напуштени куќи, сами се отварале и затворале вратите и слично.

Оваа куќа сега може да ја посетите преку 3д проекција и да ја видите внатреношноста на следниот линк

Се сеќавате на страшната куќа во Црниче? Сега може да ја посетите преку 3Д проекција

Во центарот на Штип, постоела празна и напуштена куќа за која се верува дека е опседната со духови. Но, откако во таа куќа се наоѓа централа на некое радио, вработените ниту еднаш не се пожалиле дека се „вознемирени“ од духови.

duhovi-kuki-2
duhovi-kuki-2

Во Битола, жителите сведочат за куќа која најверојатно е опседната со духови. Доказ за тоа е крстот кој се наоѓа на едната страна од ѕидот. Оние кои живееле таму, се обидувале преку фарбање на ѕидот да го покријат крстот, но не успеале.

Оние постарите жители на градот велат дека откако во оваа куќа се случила голема трагедија, нечија смрт, крстот сам се појавил на ѕидот. Жителите кои веруваат во вакви нерешени мистерии и духови сметаат дека смртта на непознатото лице треба да се реши за крстот да може да исчезне од ѕидот.

Во скопската населба Ново Лисиче, има 3 кули од каде што до сега многу луѓе се имаат фрлено. Се збореше дека порано на тоа место имало гробишта, па демек затоа луѓето се фрлале. Поради тоа пред неколку години во средината на тие 3 кули, направија мало црквиче, и од тогаш никој до сега се нема фрлено.

фабриката Ино Спектар во К.Вода близу цементарницата порано таму имало гробишта. Кога се градеа некои фабрики таму и кога се копаа темели, се најдоа многу коски, черепи И таа приказна дека имало духови, па ги снемало откако се изгради камбаната се вртеше долго време низ населбата

Во Битола има стара еврејска куќа за која велат дека е опседната од дух на мало детенце. Еврејска фамилија кога дошле бугарите ги депортирале сите освен едно мало дете кое се скрило во куќата. Изгледа некој им кажал пошто тие се вратиле и го убиле. Куќата долго време седела празна се до 70тите кога некој решил да ја купи ама веднаш по вселувањето почнал да му се појавува духот на детето. Човекот немал појма која фамилија живеела пред него ниту пак за детето. Неколку пати викал попови да ја крстат куќата ама џабе и на крајот некоја бајачка му рекла секоја вечер да пали кандило пред икона од некој светец. Не знам што бидна со човекот ни дали од тогаш некој го има видено духот,ама имам неколку пати поминато на вечер пред куќата и навистина има запалено кандило пред икона се гледа преку прозорци
Куќата се наоѓа во уличка позади дрвен пазар во Битола за тие што сакаат да поминат на вечер и сами да се уверат. Куќата се разликува,само таа е стара трошна куќа и претпоставувам некој од комшиите го пали кандилото пошто куќата е празна а тоа секоја вечер е вклучено

duh devojce
duh devojce

Во Скопје имаш опседнат објект во Карпош 4. На Љубљанска улица. ЕМУС Сервис. Тој е изграден 80 година врз муслимански гробишта. 20-30 дена некаде пред велигден се случуваат лудории. Таму на времето работеле во 3 смени и еден работник видел силутета со висока капа, како Оџа – по 3 дена работникот починал. Исто така чистачките одбивале да работат 3та смена. Обезбедувањето некаде 2002 година се има толку уплашено што цела ноќ ја поминал надвор и следниот ден напуштил работа. Стоплиците од канцелариите кога правел проверки се собирале во круг, тој ги враќал назад но на следната проверка повторно ги наогал во круг.

 Има во Битола една куќа, не знам дали има духови, ама знам дека на едната страна од куќата на ѕидот има крст. Тие што живеат во таа куќа правеле, фарбале што знам што, ама никако да излезе крстот. Викаат дека послем некој случај што се случил во куќата, некоја смрт, крстот сам се појавил на ѕидот. Можеби таа смрт треба да се реши за да се изгуби крстот.

10 март 2015 - 11:20