Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Телеграф.
Бројките покажале дека најголем дел од успешните обиди за добивање бебе биле на 2 јануари и тоа после 22 часот. Дури 71 отсто од паровите кои добиле бебе, воделе љубов вечерта на 2 јануари, токму во 22 часот и 36 минути.
Колку и да се чини бизарно, но статистиката покажува дека е многу битно да имате секс вечерва во 22 часот и 36 минути, објавува „Дејли меил“. Сепак, тоа се однесува најмногу на оние што сакаат да имаат бебе. Статистиката покажала дека дури 23 отсто од родителите своите деца ги зачнале или за новогодишните или за Божиќните празници.
Кога се работи за новогодишните празници, бројките покажале дека најголем дел од успешните обиди за добивање бебе биле на 2 јануари и тоа после 22 часот. Дури 71 отсто од паровите кои добиле бебе, воделе љубов вечерта на 2 јануари, токму во 22 часот и 36 минути.
Овие пресметки, колку и да изгледаат бизарни, имаат логика. Токму за време на новогодишните празници луѓето се чувствуваат поблиски едни со други, семејствата и паровите поминуваат повеќе време заедно.
Дури 73 отсто од испитаните парови кажале дека најмногу за време на тие празници времето го поминуваат заедно, 48 отсто од нив се чувствувале посреќни, а 28 отсто рекле дека за време на празничните денови се чувствувале поблиски со своите партнери.
Има и 36 отсто кои рекле дека едноставно за време на празниците практикуваат секс многу повеќе отколку во другите денови. Заедно се по цели денови и ноќи, почесто се консумира алкохол, па одлуките за водење љубов се носат без многу размислување.