Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Јелена Спенџарска не се прибра „дома“… Летото го мина по егзотичните дестинации, што Шпанија, што Италија, што Грција… а есента исто така подготвено ја дочека во странство. Овој пат на викенд, кај јужниот сосед. ТВ каналот во кој работи мора добро да ја плаќа… или некој добро да чести? Но, како и да е, тоа не и и толку важно, важно е вита Јела да е среќна и здоволна, а тоа да не и го комплицира животот.
До душа таа комбинација и не е баш така лесно изводлива, ама… за кого како?! Спенџарска е на два ума, или поточно пред мудар избор. Така барем самата напишала во постираниот текст покрај последната фотографија на која е сликана крај морето на познатото солунско шеталиште. Замислената беровка со скопска адреса на живеење со својата фигура ја надополнува солунската есенска идила, а на фотографијата навидум нема ништо необично… Освен, цвеќето што Спенџарска го држи в рака.
„Есенски рози за Вас мадам…“ – ах, колку би било романтично, розите да не се ДВЕ на број! Зашто „букет“ со парен број на цветови, за жал знаете веќе каде се носи! Нејсе, ајде и тоа некако… Не знаел тој што ги даав, па ќе научи… А и таа што го прима… „парниот букет“! Важно „парот“ да е среќен! Како што е важен и впечатокот кој го оставате за себе и земјата од која доаѓате.
А водителката тркна до СОЛУН, па кога се врати дома, по се’ изгледа заборави од каде доаѓа… Или каде била?! Уште не ратификуван, Спенџарска прва почна да го „спроведува на дело“ Преспанскиот договор и имињата на топонимите и дома да ги применува во оригинал. Имено, беровката си се пофали на Инстаграм со „ерга омнес викенд“: дека наместо во СОЛУН била во ТЕСАЛОНИКИ!
И после Јорго ни е крив? Пардон, виновен?