Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Пулс 24.
Истакнат истражувач за аутизам и противник на вакцинирањето, кон средината на минатата година е пронајден како лебди мртов во река во Северна Каролина, а неговото убиство е извршено под сомнителни околности.
Рибарот којшто го пронашол телото на д-р Џејмс Џефри Бредстрит во реката Рок Броуд, посведочил:
„Бредстрит имаше прострелни рани во пределот на градниот кош“.
Истрагата за смртта е завршена, но она што го шокирало целиот свет е тоа што инспекторите рекле дека станува збор за самоубиство. Ваквите дезинформации ги поттикнале членовите од неговото семејство да финансираат сопствена истрага бидејќи не веруваат дека тој се самоубил, туку дека станува збор за убиство.
Лечел деца со аутизам
Д-р Бредстрит водел приватна клиника во Буфорд во Џорџија, а бил сконцентиран на лекување деца со аутизам и други сродни невролошки и развојни нарушувања. Неговата клиника посебно обрнувала внимание на прочистување на детскиот организам од токсичната жива, за која сметал дека е главен предизвикувач на аутизам во раното детство.
Тој одлучил да се бори против индустријата за вакцинирање откако неговото дете заболело од аутизам непосредно по вакцинирањето со вакцина која во себе содржела жива.
„Аутизмот ме научи на медицината повеќе отколку сите завршени медицински школи“ - изјавил Бредстрит на една докторска конференција.