Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Пулс 24.
Вчера се појави вест дека Драган Ѓуриќ, убиецот на Тијана Јуриќ, повторно бил претепан во затвор и дека починал од здобиените повреди. Иако оваа вест спаѓа во лажни информации, многу брзо се прошири по социјалните мрежи.
Да потсетиме: пред неколку дена, Владата на Србија на седница го усвои Предлог-законот за измена и дополнување на законот за полиција, во кој меѓу останатото, спаѓа и „Законот на Тијана“ со кој се прецизираат одредбите и процедурите за ангажирање на специјални и посебни единици.
„Нам ни останува само да констатираме дека би било подобро наместо да се занимавате со вакви работи, да го поддржите и промовирате усвојувањето на Законот на Тијана со кој би се спречило повторувањето на вакво грозоморно сценарио“, посочија поддржувачите на оваа иницијатива.