ФОТО Каков преседан: Кендал Џенер стана русокоса

Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот ПлусИнфо.

19-годишната Кендал Џенер, успешна манекенка и дел од популарниот клан Кардашијан, во моментот со своето семејство летува на карипскиот остров Сент Бартолеми, попознат како Сент Бартс.

Трендсетерката редовно на својот профил на Инстаграм објавува фотографии од летувањето, а вчера таа ги изненади своите фанови со фотографии на кои ја покажа својата нова боја на коса. И официјално црнооката Кендал која беше препознатлива по својата долга црна коса - стана русокоса.

Покрај фотографиите напишала „Ken-doll"- мислејќи на тоа дека оваа руса коса и одговара на пастелно розевите усни, црните очи и бронзениот сјај, потсетуваат на изглед на Барби кукла.

Веројатно овде станува збор за руса перика, една од богатата колекција на нејзината сестра Кајли Џенер, бидејќи се сомневаме дека во текот на летниот одмор, Кендал заминала на фризер.

Подготви:Б.В.

фото:Инстаграм

 

 

22 август 2015 - 15:33