Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Скопје 24.
Традиционална кинеска медицина која спасува човечки живот
Доколку некој доживува мозочен удар секогаш е најважно да останете смирени за да можете да реагирате на време. При мозочен удар капиларите на мозок постепено се растргнуваат и поради тоа важно е да не ја поместувате жртвата, неовисно од положбата во која се наоѓаат. Во спротивно, капиларите ќе пукнат и ќе има крвавење во мозокот.
Во вакви ситуации ќе помогне доколку при себе имате игла од шприц или игла за шиење. Затоа е добро секогаш да ги имате овие два предмета во својот дом.
Најпрво, треба да ја стерилизирате иглата со тоа што ќе ја држете над оган неколку секунди. Истата игла употребете ја за да направите мали убодни ранички на сите 10 прсти, неколку милиметри од ноктот. Важно е да почне да тече крв, во спротивно затегнете и почнете да притискате за да потече. Кога сите 10 прсти ќе почнат да крвават почекајте неколку минути и ќе забележите подобрување на состојбата на жртвата.
Доколку устата на жртвата е искривена, потребно е да ги масирате нејзините уши додека не станат црвени. Тоа значи дека крвта е дојдена до нив и тогаш убодете со иглата во секое уво во мекиот дел. Потребно е да паднат по две капки крв од секое уво и неколку минути подоцна устата на жртвата веќе нема да биде искривена.
Откако состојбата на жртвата ќе се нормализира, испратете ја во болница.