Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Кармин.
Барбарела Бухнер (48) од Лондон е веб дизајнерка која во 2000-тата година посвоила две мачки, за после четири години да сфати дека тоа се токму нејзините сродни души, па врската со нив ја има официјализирано и со брак!
Таа се омажила за мачорите Спајдер и Лугоси, а во јануари оваа година прославила и 10-годишнина од браковите. Пред оваа врска, таа имала вообичаени односи со луѓето за кои таа вели дека не ја задоволувале и не се чувствувала исполнето. Со помош на овие мачки таа ја пронашла среќата и некој кој ја исполнува.
Нејзиното детство било преполно со различни животни, па таа никогаш не можела да се одлучи дали ги сака исклучиво само мачките или сите животните генерално.
Кога во 2000-тата година ги вдомила Спајдер и Лугоси, нејзиниот живот, барем според нејзините зборови, добил сосема поинаква смисла, а мачорите станале центар на нејзиниот свет.
Таа вели дека тоа било љубов на прв поглед и дека просто никогаш не би можела да го заборави денот кога ги запознала.
Барбарела со помош на веб страницата marryyourpet.com успеала и да ја официјализира нивната врска, а како доказ добила и сертификат за оформен брак. Ова направило таа да биде пресреќна и покрај сите негативни коментари од луѓето кои сметаат дека оваа постапка е болна, бизарна и претставува еден вид на инцест.
Барбарела напоменува дека со своите мачори нема сексуална врска туку исклучиво духовна. Денес, заедно со своите двајца "сопрузи" и новиот член на семејството, мачката Руби, таа живее на шпанскиот остров Ланзароте.