Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Вистина.
Вечна е темата дали од многу секс вагината се шири и обратно, дали од премалку секс вагината станува потесна.
Стручњаците велат дека овие две, во народот широко раширени верувања, немаат врска. Она што е вистина е дека мускулите на вагината се еластични, тие се растегнуваат и враќаат во својата нормална големина. Редовноста на сексот нема многу удел во „ширината“ на женската вагина.
Сепак, постојат два случаи во животот кои релативно долгорочно го менуваат вагиналниот облик:
– Првиот е породувањето. Некои истражувања велат дека во одредени случаи, перидот на „стеснување“ може да трае и до 6 месеци. Сепак, на крајот, вагината повторно се враќа во првобитниот облик.
– Втората причина е староста. Кога жените стареат, се намалува и нивото на хормони, што значи дека вагиналните ѕидови стануваат се потенки и се помалку еластични. Сепак, Кегеловите вежби можат значително да го подобрат нивниот тонус, без разлика на возраста.
Следниот пат кога некој маж ќе наиде на „тесна“ вагина, треба да има предвид дека тоа не е резултат од долго немање секс. Веројатно се работи за тоа дека тој сам не ја возбудил доволно и дека и треба малку повеќе предигра.