Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот Фактор.
Во многу источни култури и медицински практики се смета дека човековите стапала се директно поврзани со секој орган во нашето тело. Масажи и акупунктура се практикуваат и уживаат голема популарност меѓу оние кои претпочитаат алтернативна медицина и источните учења пред нападни лекови кои често ни штетат повеќе отколку што ни помагаат.
Многумина сметаат дека овие практики и техники воопшто не се за потценување, токму поради таа причина одлучивме да ја споделиме со вас и оваа алтернативна техника за подобро здравје и дух.
Рефлексотерапијата е постигнување и влијание врз даден орган од телото преку масажа на одделни точни на предница, а за правилна примена на методите се бара многу прецизна подготовка и обука. Точките поврзани на предницата со органите при правилно третирање можат да влијаат позитивно на целото тело, а нервните завршетоци на сводот на стапалото се над 7000!
Еве како да го прочистите организмот сосема сами!
Колку и да звучи чудно, најдобар начин за стимулирање и детоксицирање на телото на стапалата е преку кромид! Сосема обичен стар кромид. Не ви треба да трошите пари за секакви детоксикациски средства за стапалата, за кои дури и не се знае од што се состојат.
Пресечете дебело кругче кромид и ставете го на сводот на стапалото. Обујте дебели чорапи и легнете си да спиете. Ноќе кромидот ќе ги извлече токсините од вашето тело и ќе бидете шокирани од бојата, која може да ја видите во кругчето – тоа е отровот од вашето тело!
Не ја задржувајте таму и не ја потценувајте моќта на овој моќен метод за детоксикација.
При редовно практикување ќе се чувствувате свежи и ќе уживате во длабок и мирен сон.
Не грижете се од евентуалниот мирис на кромид. Измијте ги добро стапалата со сапун наутро и нема да имате никакви проблеми.
Миењето е задолжително и за конечно ослободување од токсините.