Текстот во рубриката Стигнавме на дното е преземен без интервенции од порталот 1.mk.
Српските медиуми и понатаму пишуваат за прославата на роденденот на синот на српската пејачка Цеца Ражнатовиќ. Со секој нов пост, излегуваат нови детали за роденденот на Вељко, при што посебно се потенцира подарокот што Цеца му го дала на синот. Вељко добил часовник „Ролекс„ со кој самиот се пофалил на Инстаграм, но не е позната неговата вредност, ниту пак дали е позлатен и украсен со скапоцени камења, иако на него има такви мотиви.