Секој со своите проблеми

За момент да ве потсетиме на феноменалните Астерикс и Обеликс и на волшебниот напиток кој го подготвуваше Гетафикс од кој Галите стануваа непобедливи. Легендата велеше дека дебелиот Обеликс како мал има паднато во казан со магичниот напиток па не мора да ја обновува дозата. Имаме човек кој има паднато во малку поинаков казан, со вијагра.

Земја на слободни прашања

Александар Вучиќ и неговите се во вечна во војна со Н1 и Нова (и обратно). Од тие причини, новинар на Н1 го прашува последниот градоначалник на Белград, СНС-овецот Александар Шапиќ дали воопшто смее да му постави прашање. - Се разбира дека може, Србија е слободна земја, одговара Шапиќ и потоа сериозно го сослушува. Прашањето е малку подолго, ама вреди да се дојде до крајот, заради одговорот на поранешниот ватерполист.

Шокантна верзија за смртта на Лане Гутовиќ

Шармантниот и умен Лане Гутовиќ почина на респиратор, во екот на пандемијата. Неговата најстара ќерка решaва да сподели што се случувало таа среда. Надлежната сестра ѝ рекла дека тој ден нема посети а и во каква состојба е татко ѝ, подобро да не го види таков. Но, истиот тој ден, сестрата внесува кај него две лица кои не се во сродство со Лане и сега тие се сведоци на неговиот тестамент. Има и трет сведок, самата сестра. Па није ваљда??  

Македонецот е како шило

Неодамна дојдовме до нов доказ, кој ги побива сите тие лажни тврдења и пропагандистички и морбидни флоскули за „создавањето на македонскиот народ од Тито и КПЈ“ и слично. Остануваат само неколкумина да сведочат за вистината во морето на лаги, фалсификати и пропаганда. Сепак, да се биде со вистината секогаш е драгоцено и благородно.

Ѓинѓиќ ни странците не го слушаа за Косово

Потпорните балвани на кои почива српскиот наратив за Косово, на Ѓинѓиќ му имаат доделено трајна улога на предавник. Не ќе да е така и имаме пишувано за тоа (ќе ве потсетиме). Но Ѓинѓиќ не ја вразумуваше само домашната јаност и ѝ предочуваше да внимава што посакува, туку пробуваше и на странците да им предочи каква опасна врата отвораат со нивната авантура за независно Косово. Џабе.