Дневна победа против идниот администратор

Да се разбереме, нашиот иден администратор не е Бугарија туку ЧетГПТ (во некоја варијанта). Ако оној дечко го натера ЧетГПТ да признае дека има Господ со многу знаење и методичност, наш читател успеал да го натера да каже дека се викаме Македонија (а не она одвратно Северна) со малку запнување: да не верува ботот во сè што ќе најде на интернет. И мајчин еден, успеал. Вака наводно течел муабетот.

Мира Алексиќ - Жена фатална

„Мира Алексиќ“ звучи како нешто што е предодредено да стане певаљка. Не бегајќи од ваквата своја судба, Мира Алексиќ ја опева својата еманципација, од фазата „родила сум му ќерку и сина и служила као веш машина“до „жена фатална“ (нејасно како дошла до тој заклучок). А оној нејзиниот копук, освен што Мира слушнала дека кова клинки наоколу (што не е потврдено), попи ММА шамар само затоа што најде влакно. Перо Деформеро? Нервозни поштар? Да.   

Зелените пруги на Македонија

Кај што возат, трева не расте. Ама, затоа не возат. Според изворот, ова е пругата Велес - Битола.

Шака-нака версус хака

Mакедонско-маорска свадба во Нов Зеланд. Ние сме од кај невестата. Сме почнале први, со зурли и тапани но малку прелабаво сме ја сфатиле работата, со „Милионерче“ и „Шака - нака“. После, другиве на невестата ѝ рекле дека ќе одиграат една хака. Од памет ги извадиле нашиве! Па не моеш бе со Милионерче на такви луѓе! Преведи им ја онаа кога нашава го дала „најмалото, најубавото“, усвет да фатат Маорите со какво племе се имаат ујдисано.