И кабинетот е човек

Дечко се јавува во кабинетот на српскиот премиер со предлог за пополнување на буџетскиот дефицит. Секретарот учтиво му ја објаснува процедурата за само неколку секунди потоа да биде навлечен да си запише пар резултати за спортска.

Како да препознаете наркоман во своето дете?

Извесен Протаставрофор Д-р. Александар Мустеников на порталот "Премин" нè почастил со драгоцен текст за тоа како родителите да препознаат дали нивното дете се дрогира. Притоа, за "нормални деца" постојат 11 симптоми, а за овие дрогашиве - што скриени што јавни - дури 28! Во продолжеток, малку читавме, малку коментиравме: 

Одговор на неделата

И Македонија има врвни спин доктори, сè уште неискористени во партиски и медиумски цели. Седат на улица и си го вежбаат талентот на наивни новинари. Прашањето е од оние "аман више" прашања (Дали Македонија доволно го чествува Тоше?!) а одговорот на спин докторот слушнете го сами: