Ти бамбус сееш а Македон ти Ниче

Да си се вратиме ние на нашите гајлиња. Под присмотра на античка гарда (во автентичен t-shirt и метла на глава) и едно чудо посетители, одржана е промоција на книгата "Вистината за вечноста" (ни помалку ни повеќе!) на легендарниот Ниче Димовски Македон. Дали сте подготвени да дознаете за бамбусот кој мирува 5 години, за траекторијата на саркофагот на Александар, за тоа како ќе ги згазиме Грците со љубов? Верувајте не сте. 12 минути подоцна ќе бидете комплетно снеможени.

Родова рамноправност (треш верзија)

Невкусот е крунски доказ дека сите сме рамноправни. Загребавме по дното на балканската музичка каца и од таму извадивме два репрезентативни примерока. За мажите игра Хако Обиќ а звуците на жената ги доловува Душица Томашевиќ. Како на познати машки шовинисти, нам Хако ни е појак.