Јано мори

Не сме сигурни како мисли Србинката Јана да успее во силната меѓународната конкуренција на фитнес инструкторки. Ама да пробаме да побуткаме. По нас, Јана има две предности: 1. нуди вежби за едната рака па потоа и за другата рака (?)  2. продолжува да вежба дури и откако ќе заврши песна на Карлеуша.

Комедија на квадрат

Комедијата често доаѓа во двојки: немиот филм ги имаше Лорел и Харди, Лас Вегас ги имаше Дин Мартин и Џери Луис а нам ни се паднаа они: двајца другарчиња кои настапуваат под скромното има BM Show. Хумористична етида на тема типови на гејмери. Мајко моја, волку смеење дали е на арно?