Машинка, напни!

Ќе излезе денес фасцинантен технолошки изум и цела љубопитност се сведува на тоа колку му траат батериите. Порано се седнувало и се пишувало песна за тоа! Плус ако имаш пеачка која од крштевање е предодредена за овој жанр, на слетувањето на Аполо 9 му фали само да му се додаде хармоника.

Фемикур, од аптеката

Бугарскиот јазик знае да звучи симпатично. Со бугарските цицки силиконот одамна ги реши сите проблеми. Ама, што имаат браќата една софистицирана смисла за ненаметливо рекламирање, тоа го нема никаде во ЕУ. Note to Borisov: Не рипај одма, ни се свиѓа. 

Пука Козметика за даунлод

Отакако 4 гигабитните стикчиња накрцкани со албуми се шитнаа како Павловиќева, хип-хоперите Пука Козметика решија да ги дадат и на слободен даунлод. Едниот оди на МТВ АДРИА, другиот кај нас. Следат детали & линкови.

Мек како леб

Велат, работењето со леб била една од најблагородните професии на светот. Велат, некако го смирувала човека....

Водици, форевеалоун

Завиткано во прекрасна музика, го имаме најкамерниот чин на фаќање на крстот во православниот свет.

Концентрат за клетви

На човек од нашето соседство (Србија) му го крадат старото возило Застава 128. Распаметен од ова, на непознатиот крадец му ја пишува следнава епопеја: