Репортажа од комшии

Тема - Роштиљијада. Прво - да ти дојде да го гризнеш мониторот. Второ - киша није успела да падне. Трето - ја отвора министер за образование. Четврто - Влатко Стефановски. Плус сериозно драматичен вовед - Десетици намерно предизвикани пожари кои никој не се труди да ги гаси.

Како се станува влијателен

Уште самовилите не ни се смириле од комплетна зачуденост од интевјуто со светскиот истражувач, астролог, претскажувач и помагач на луѓето кого го служат ангели (комада 7) и Самовили (47!), господинот Мустафа веќе стана зрел за наслов околу македонската политика и иднина.

Интервјуто што ќе ве занеми

Седнавме да прегледаме еден текст. Неколку редови подоцна, со наведната глава се соочивме со вистината - има многу подобри од нас. Ова што изворно ви го пренесуваме, е досега невиден судир на една новинарска сила и вонсериски соговорник "предвидувач" (кој веројатно го има предвидено и овој текст). Сакавме нешто да издвоиме, ама не може, ова во целина е ремек дело.