Што мисли кинеската вештачка интелигенција за нас и за вас?

Решивме да си поиграме со Qwen3-Max, последната и најнапредна Квен верзија на Алибаба (пуштена пред три дена), која има преку еден трилион параметри и тренирана на 36 милилни токени, што го прави еден од водечките ВИ системи на светот. Пред да го запознаеме него, решиме со еден „его срч“ да видиме дали и колку тој нè познава нас. Многу повеќе отколку што очекувавме.

Упс!

Како е „undo“ во програма во живо?

Несудениот Тесла

Поранешна Југославија имаше значаен иновациски и патентен потенцијал, создаваше и развиваше свои технолошки решенија и добар дел од нив беа заштитеени преку патенти во домашните и меѓународните институции. Сепак, не сите изуми ја имаа среќата да најдат широка примена и да станат прочуени. Некои од нив, можеби затоа што беа вонсериски непотребни. 

Градинарот на Скопје

Еден ко ниеден, ама важно е некој да почне. Дечкото фатил во Скопје да го прави она што сме го виделе од други краишта на интернетот. Прави видеа од запуштените градски делчиња и ќошиња  кои ги средува. Или за почетокот поддржете го за да му тргне па да види некое фајде од тоа или веднаш тргнувајте по неговиот пример. Оти оставени на „институциите“, изгинавме.    

Трите балкански митови

Доктор Семир Османагиќ (оној со пирамидите во Босна) вели дека трите најголеми митови на Балканот се трите најголеми измами. Првиот е дека сме дојдени од зад Карпатите (иако нема никаков докази за тоа), вториот е дека Албанците се единствените наследници на Илирите а третиот е за Александар Македонски, јазикот што го зборувал и културата што ја ширел.