Реплика на реплика

Знаете, карпошовскиот победник од првиот изборен круг еуфорично со подржувачите ја испеа "Не може нам нико ништа". Не може? Нико? Стевче не е свесен каков противник си навлече на грб со еден ваков непромислен потег. На ваквата негова провокација, итно одговори директно прозваниот.

На исток ништо ново

Не знаеме за која наставничка и школо се работи ама збунетиот родител ни тврди дека сите тестови во одделението биле корегирани на ист начин. Да се најде образовниот работник и да му се врзат две воспитни (од исток и од запад), колку да му се наштелува ГПС-от.

Босанка што пцуе, не каса

Врска меѓу човек и куче може да се оствари многу брзо и природно, освен во случајов, каде што врската нема никаква иднина.  Една возрасна традиционална Босанка и едно мало кученце, тoa сака да си игра со неа, таа не може да го поднесе.

14 дена фора за Стевче

Во првата намера, да го откачи Бранко, Стевче Јакимовски успеа. Сега му остануваат 14 дена макотрпна работа за следната задача - да го избие Митар Мириќ од себе. За да не го тераме човекот да ги учи Дисциплина кичме на стари години, еве му нешто помеко, Здравко Чолиќ, директно од Украина.

Риба на суво, Партизанска на точак

Како изгледа возењето на точак и пешачењето низ еден од најнехуманите потези во Скопје: од ул. Даме Груев до ул. Рузвелтова по должината на бул. Партизански одреди во обете насоки.