Мала е оваа земја за толкава самобендисаност

„Како кој дојде до некоја диплома и прочита две книги (а и тие не ги прочитал како што треба), така почнува да ја презира својата земја“, вели српскиот филозоф Филип Грбиќ за автошовинизмот во блокот „блокадерска Србија“ коj протестира година ипол а не извади ниту едно социјално барање. Ама ќе си одат? „Да одите и да ни пишете кога либералните демократии ќе ве пречекаат со црвен килим,“ им порачува Јездиќ. 

Нема помакедонско од ова

„Да, јас сум Македонка. И присуствувам на свадбата на комшиите, непоканета“.

Бурекот на македонските браќа го освојува Сиднеј

Good Food Australia пишува дека бурекот на браќата Радевски е една од најпотценетите храни во Сиднеј. Никола и Јован Радевски завршиле други работи (авио инженерство и трговија) но победила семејната мајсторија која ја научиле од татко им а ја започнал нивниот прадедо по чии рецепти уште работат. Имаат осум типа бурек, состојки набавуваат и од Македонија а од скоро почнале и јогурт да прават. 

Богати и славни

Јадна статистика: Досега имаме објавено 74 (!) пакетчиња „Богати и славни.“ Некои од нив се и бесрамни повратници. Залудна ни е рубриката? Веројатно да, ама зошто да ги оставиме раат?